Новите дестинации на „Визер“ го зголемија неделниот број на летовите

Bez autora
Oct 27 2014

Без нови авиокомпании и дестинации, но со 17 повеќе лета неделно отколку лани, почна зимската сезона на летање на скопскиот и на охридскиот аеродром. И зимава, исто како и лани, најмногу летови неделно ќе има нискобуџетниот авиопревозник „Визер“. Унгарската авиокомпанија ќе има 40 лета неделно, за разлика од минатата година кога имаше 26. Поголемата неделна фреквенција на летови на „Визер“ е резултат на неколкуте нови линии што авиокомпанијата ги воведе од април, со што сега лета од Скопје до 10 града во Европа. На списокот со достапни дестинации на „Визер“ се Лондон, Малме, Гетеборг, Ајндховен, Дортмунд, Меминген, Базел, Бергамо, Венеција и Стокхолм.

Новите дестинации на „Визер“ го зголемија неделниот број на летовитеБез нови авиокомпании и дестинации, но со 17 повеќе лета неделно отколку лани, почна зимската сезона на летање на скопскиот и на охридскиот аеродром.

И зимава, исто како и лани, најмногу летови неделно ќе има нискобуџетниот авиопревозник „Визер“. Унгарската авиокомпанија ќе има 40 лета неделно, за разлика од минатата година кога имаше 26. Поголемата неделна фреквенција на летови на „Визер“ е резултат на неколкуте нови линии што авиокомпанијата ги воведе од април, со што сега лета од Скопје до 10 града во Европа. На списокот со достапни дестинации на „Визер“ се Лондон, Малме, Гетеборг, Ајндховен, Дортмунд, Меминген, Базел, Бергамо, Венеција и Стокхолм.

Вториот најпрометен превозник, турската компанија „Туркиш ерлајнс“, и зимава останува на ланските 14 лета неделно до Истанбул, односно по два дневно. Летови до Истанбул ќе организира и нискобуџетниот авиопревозник „Пегасус“ и тоа трипати во текот на неделата.

Директните летовите од и до Белград остануваат на истото ниво, односно „Ер Србија“ ќе лета до српската метропола еднаш дневно. Иста е состојбата и со хрватската авиокомпанија „Kроација ерлајнс“, која останува на еден лет дневно до Загреб.

Намалување на неделниот број летови има кај словенечката „Адриа ервејс“, која наместо досегашните 10 лета неделно, до Љубљана зимава ќе лета само по еднаш дневно, односно седум пати неделно. Швајцарската „Хелветик“ исто така намалува еден лет неделно, така што зимава ќе лета од Скопје до Цирих петпати неделно, а од Охрид и понатаму ќе организира еден лет во текот на неделата.

И покрај информациите дека „Флај Германија“ целосно ќе го укине дикретниот лет за Берлин, компанијата и во зимската сезона продолжува со летови еднаш неделно до германската метропола. Лани „Флај Германија“ на оваа дестинација леташе двапати во текот на неделата.

Статистичките податоци за годинава покажуваат континуиран раст на бројот на патниците на скопскиот и на охридскиот аеродром. Надлежните од „ТАВ Македонија“ сметаат дека ако овој тренд продолжи, до крајот на годинава ќе ја надминат бројката од еден милион патници на „Александар Велики“, цел што си ја поставија при преземањето на македонските аеродроми.

Ocenite tekst
Komentari
Prikaži više 
 Prikaži manje
Ostavite komentar

Prijavite se na Vaš nalog


Zaboravili ste lozinku?

Nov korisnik